Може ли случајот со починатата велешанка да биде затворен само со образложението на здравствените власти дека смртта кај жената настапила 3 до 5 недели пред да биде пронајдена?

Според овие анализи, мајката кај која посмртно беше откриен корона вирусот како и нејзиниот син починале на средината или почетокот на март, што е најмалку 10 дена пред да биде официјално регистриран и првиот заболен со Ковид-19 во Велес на 26ти март.

Од Комисијата за заразни болести не успеавме да добиеме одговор според епидемиолошките анализи со кој случај во градот е поврзана 90 годишната старица која била слепа и дали всушност таа е првиот автохтон случај на заразата во државата. И додека за надлежните нема простор од понатамошни истражувања, директорот на скопскиот Центар за јавно здравје со уверување дека засега оваа контроверзна приказна е индикација за постоење на корона во Македонија уште од почетокот на годината.

-Дали случајот во Велес е прв автохтон случај во државата?

„Не мислам дека е прв автохтон случај во земјата. Во едно многу блиско време ќе се излезе со јасен став, сомневањата се дека е многу порано. Ако во Кина имало во декември, тогаш може брзо да се проширило и да сме имале уште во јануари“, вели др. Арбен Зибер, директор на Центар за јавно здравје во Скопје.

Целиот текст прочитајте го на Сител.ком.мк