10 C
Veles
вторник, 27 октомври, 2020 | 20:04

Дали се крие бројот на жртви: Велешанец починал од коронавирус во Скопје, семејството и градоначалникот ги побија тврдењата на МЗ

1074

Во денешната статистика која ја објави Министерството за здравство, е наведено дека во последниве 24 часа нема нова жртва од коронавирусот во Македонија.

До редакцијата на КУРИР пристигна информација дека на Инфективната клиника во Скопје вчера попладне е починат пациент од Велес. КУРИР веднаш побара одговор од Министерството зошто смртта на ова лице не е наведено во денешниот извештај.

Од таму го добивме следниот одговор:

„Во вчерашната статистика (13 мај 2020г) стои заведен пациент кој е починат во ОБ Велес, на возраст од 76 години, хоспитализиран на 6ти мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, нема починат велешанец во изминатите 24 часа“.

Но, освен сведоштвото на член на семејство, пристигна уште една потврда дека информациите кои ги пласира министерството НЕ се точни.

Имено, градоначалникот на Велес, кој е од редовите на СДСМ, ги поби тврдењата на МЗ и потврди дека починат пациент има. Истиот починал ноќеска, а со тоа не е можно неговата смрт да биде заведена во вчерашната статистика чиј пресек се прави на пладне.

Седумдесетгодишен велешанец почина ноќеска од КОВИД-19 на скопските клиники каде бил хоспитализиран, соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција.

Првиот човек на Велес истакна дека ова е седми смртен случај на пациент од Велешко кој имал корона вирус, а четврт случај за пет дена.

„Во текот на изминатите 24 часа, во Велес регистрирани се два нови случаи на лица позитивни на КОВИД-19“, соопшти Центарот за јавно здравје Велес.

Дали се крие бројот на жртви? За ова Министерството мора да одговара пред јавноста. Семејството и градоначалникот ги побиваат тврдењата на МЗ.

Извор: Курир.мк