Пред неколку дена раководителот на Центарот за развој на вардарскиот плански регион, Марко Колев беше разрешен од оваа функција, од страна на градоначалиците од овој регион. Тогаш отворено напишавме дека позади оваа одлука стојат притисоци за негова смена од страна на градоначалникот Коцевски, преку централната власт, како и партијата на власт. Притисокот беше врз повеќето градоначалници од овој регион кои се противеа за промената на Колев, бидејќи беа задоволни, најмногу од помалите општини од овој регион, за неговата заложба за реализирање на проекти и помош при аплицирање.

Денес ова и се потврди.

На денешната прес конференција на градоначалникот Коцевски, поради бурните реакции во јавноста за овој чекор, му беше поставено прашање за оваа одлука за смена на раководителот на ЦРВПР, Марко Колев.

Коцевски истакна дека две ипол години откако е тој градоначалник на Велес, не го разрешил Колев, и со тоа покажал дека не се работи за политичка одлука, но додаде дека раководителот на Центарот за развој на вардарски плански регион се почесто ја користел својата позиција за добивање на политички поени и негова афирмација.

-Во моменти кога на централно ниво е власт коалицијата предводена од СДСМ и кога од 9 градоначалници, 8 се од редот на коалицијата, некој кој доаѓа од другата страна да си ги препишува заслугите за се што е направено, а треба да знаете како новинари дека откако СДСМ и коалицијата е на власт, парите за рамномерен регионален развој се во голем процент зголемени во споредба со претходниот период. Дека само раководителот на вардарски плански регион и вардарскиот плански регион се светла точка во Велес и велешка околија а сите ние не вредиме ни пет пари, беше доволно прачина да ја донесеме таа одлука, истакна Коцевски на денешната прес конференција.

Тој исто така додаде дека е задоволен од досега постигнатото од раководителот на ЦРВПР, од средствата кои што биле обезбедени, но не било во ред тоа да си го препишува некој како сопствена заслуга, затоа што проектите ги подготвувале општините.

Дали градоначалникот Коцевски изгледа е лут на тоа што некој реализира проекти за доброто и во интерес на сите граѓани, реши политички да се пресмета со Колев?

Како што и претходно објавивме Марко Колев, кој од 2014 година е раководител на овој Центар за развој на ВПР, зад себе има реализирано над 150 проекти во сите општини од регионот. Тој воедно е потпретседател на општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, со што евидентно му смета на градоначалникот Коцевски како што и тој самиот истакна на денешната прес конференција.

Она што го говори Коцевски  како доказ дека е невистина, се и објавите на социјалните мрежи на доскорешниот раководител Колев, каде што јасно се гледа дека се спомнуваат реализаторите на проектите како и кој ги финансира.

Добрата работа и посветеност за подобрување на условите за живот на граѓаните од сите општини во Вардарски плански регион, се показател бројките на реализирани проекти од страна на тимот на Вардарскиот плански регион. Според годишните извештаи доставени до Советот на Центарот за развој на вардарски плански регион има реализирано над 60 проекти во последните 3 години, во време на мандатот на новите градоначалници.

Изминативе неколку години голем дел од проекти кои реализирани од страна на ЦРВПР, финансии се обезбедени од преку фондации и амбасади на други држави. Како на пример преку јапонската амбасада обезбедени се возила за брзата помош, како и возило за пожарната станица. Реконструкција на кровот на поранешното основно училиште ЈХК Џинот, помош обезбедена од UNDP, реконструкција на спратот на поранешното радио Велес, исто така помош обезбедена од страна на UNDP. Заслуга за добиена помош од стрна на UNDP за монтирање на лифт за посебни потреби во ООУ Васил Главинов. Ова е само еден дел од проектите во Велес кои се реализирани преку ЦРВПР, а обезбедени од фондации и странски амбасади.

Упехот на Центарот за развој на вардарски плански регион дефинитивно му смета на градоначалникот Коцевски, па затоа реши да гo разреши Колев од оваа функција.

Одговорот на Коцевски на прашањето за разрешување на раководителот на Центарот за развој на вардарски плански регион.