Coобрaќaјнa нecpeќa на автопатот Велес-Скопје се случила вчера во 12.40 часот кога било пријавено дека во близина на мостот Отовица, С.Г.(62) од Скопје, правувајќи патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.
Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.