Челси се подготвува за рестарт на сезоната, бидејќи денеска испрати допис до сите свои фудбалери кои ја напуштија Англија да се вратат назад до 3 мај.

Вилијан, Емерсон Палмиери и Маркос Алонсо се фудбалерите кои си заминаа од Англија кога се појави пандемијата од коронавирусот. Клубот исто така соопшти дека биде толерантен кој играчите кои ќе доцнат поради комплицираните авио-врски низ светот. Ова најмногу е насочено кон Вилијан, кој е во својот роден Бразил и веќе подолго време на листа за чекање за лет надвор од државата.

Сите фудбалери кои ќе пристигнат во Англија ќе мора да бидат во задолжителен карантин од 14 дена пред да можат да почнат со тренинзи. Дел од клубовите во Премиерлигата како Тотнем, Арсенал и Вест Хем ги отворија своите тренинг-центри, но дозволено е само индивидуално тренирање.

Сите 20 клубови од Премиерлигата утре ќе имаат видео-состанок на кој ќе се дискутира за евентуалното продолжување на сезоната на почетокот од месец јуни.