Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа. Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, Министерството за здравство информира дека истиот продолжува со работа како и досега.

Направена е ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви.

Во текот на денешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација.

Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани пртоколите или има некакви неправилности во постапувањето.

Во текот на вчерашниот ден се правеа и епидемиолоши анкети на сите вработени од маркетот во Велес каде беа регистрирани лица позитивни на коронавирусот.

По добивањето на наодите, ДСЗИ доколку утвдри потреба ќе издаде решение за самоизолација, а согласно тоа колкав број на вработени ќе одат во изолација, ќе се донесе одлука дали маркетот ќе продолжи да работи или пак ќе биде затворен на одреден период.