Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно се тестирала за коронавирус.

Како што дознаваат српските медиуми, Цеца во понеделникот, 15 јуни, направила контролен ПСР тест, по совет на доктор. Утрово пристигнале резултатите и таа е негативна на Ковид 19.

На 10-ти јуни на Цеца првпат ѝ беше направен серолошки тест од крв од вена, што покажал дека таа е негативна. Сепак, било одлучено да се тестира со ПСР тест што се прави со земање брисеви од грлото и носот. Резултатот тогаш покажа дека таа е позитивна на коронавирусот.

Новото ПСР-тестирање покажа дека Цеца е негативна за вирусот. Исто така, нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ направи нов тест, кој покажа дека е негативен, по што објавил на Инстаграм: „Негативен сум. Сега не мора да бегате од мене, браќа“.