Во Србија како последици од зараза со коронавирусот во последното деноноќие починале шест лица, со што вкупниот број починати се искачи на 179 луѓе, соопши во четвртокот министерството за здравство.

Според српските здравствени власти, до средата биле потврдени 8.724 заболени од Covid-19 и 173 починати.

„Во текот на изминатото деноноќие потврдени се 285 новозаразени, па вкупниот број заболени изнесува 9.009 лица. Хоспитализирани се 4.479 граѓани, од нив 71 се на апарати за механичка вентилација. Шест лица починаа во текот на денот, а вкупно од почетокот на епидмијата починаа 179 луѓе“, се вели во соопштението.

Се додава дека до четвртокто оздравеле 1.343 пациенти.

Српската влада во понеделникот ги ублажи рестриктивните мерки чија цел е запирање на ширењето на епидемијата. Така, повторно се отворени фризерските салони и салите за вежање. На граѓаните постари од 67 години од 27-ми април име дозволено секојдевно да излегуваат од домовите во трање од поливина час од 18 до 1 часот по полноќ. Продавниците во кои постарите лица ќе може да пазарат од четвртокот и тоа во периодот од 4 до 7 часот.

Продолжениот викенд за првомасјките празници ќе минат повторно под полициски час. Забраната за движење ќе стапи на сила во четврток во 18 часот и ќе трае до 5 часот во понеделник на 4-ти мај. Сепак, во четвртокот владата ја ублажи оваа мерка, па забраната за напуштање на домовите ќе важи од четврток во 18 часот до саботата во 17 часот, а полицискиот час ќе продолжи секојдневно од вечерта до утрото.

Членовио на владиниот Кризен штабн за борба против Covid-19 во вторникот рекоа дека Србија од 18-ти мај ќе го обновува воздушниот сообраќај.

Од 4-ти мај се обновува и меѓуградските автобуски и железнички линии, се отватаат и кафетертиите и рестораните со оддржување на задолжеителната оддалеченост меѓу гостите. Од 8-ми мај ќе бидат отворени и трговските центри со ограничен број посетители.