На денешниот натпревар кој се одигра на стадионот Зоран Паунов во Велес, домаќините убедливо го совладаа Пелистер со 3:0.

Двоен стрелец за екипата на ФК Борец беше Марјан Ристовски, во 26-тата и 77-мата минута, а печат на натпреварот стави Дарио Десниќ со гол во 85-тата минута.

Велес останува да биде неосвоена тврдина сеуште во оваа сезона, ова е трета победа за велешани на домашен терен, а имаат и два нерешени резултати од пет одиграни натпревари.

ФК Борец сега има вкупно 19 бодови и во моментов се наоѓа на 4-тото место на табелата, со исто освоени бодови како и Македонија Ѓорче Петров, но со послаба гол разлика.

Следниот натпревар на велешани е на 21 ноември, на гостински терен кај екипата на Ренова.