Како последица на пандемијата со корона вирусот, последниве неколку месеци бевме сведоци на големата пожртвуваност и обемот на работа на здравствените работници.

Поведени од успешната работа на медицинските лица и се поголемиот број на излечени луѓе, тимот на „Бекстејџ“ заедно со јавните личности од најразлични професии упатија длабока благодарност за сета безрезервна посветеност која несебично ја вложуваат.

Спортисти, водители, актери и пејачи се само дел од познатите кои се вклучија во кампањата „Поддршка за здравствените работници“, каде во неколку минутното видео аплаудираат во знак на неизмерна почит кон нив.

Погледнете го видеото: