На 29.10.2020 околу 07.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес, автобус со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Р.(59), удрил во пешак Н.Р.(38).

Во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Бил извршен увид на местото на незгодата, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.