18 C
Veles
сабота, 24 октомври, 2020 | 16:41

АНКЕТА: Граѓаните незадоволни од работата на надлежните, Македонија полошо се справува со кризата од земјите во регионот

51

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 5 Јуни 2020 на 1100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за состојбите со коронавирус.

Според податоците од анкетата, расте незадоволството кај граѓаните во институциите и работата на надлежните во справување со Ковид-19. Ако во април повисок бил процентот на анкетирани граѓани кои биле задоволни од работата на надлежните, во јуни ситуацијата е промената. Најголем дел од граѓаните, 32 проценти се незадоволни од работата на надлежните институции, додека 19.5 проценти донекаде не се задоволни.

Податоците на ИПИС говорат дека 20,2 проценти се донекаде задоволни, а за задоволни се изјасниле само 17,2 проценти. Разликата во задоволството кај граѓаните е изразено со 22,5 проценти во однос на овие два месеци.

Високи 48,3 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се справува полошо со кризата со коронавирус од другите земји во регионот. Во месец април 49 проценти дека Македонија исто се справува, а дел дури и подобро. Ситуацијата драстично е променета по само два месеци.

Од ИПИС информираат дека истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.