Во услови кога целиот свет е во „карантин” и љубителите на добрата музика се приморани да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, Fusion Festival има одлични вести – незаборавна журка со најдобрите македонски диџеи!

Заокружете го датумот – на 9 мај, со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“ ќе прозвучат најдобрите македонски диџеј имиња. Фестивалот ќе биде продуциран и организиран на истото ниво како во салата да има публика.

Организаторот Спектаклум истакнува дека идејата е сите оние што ќе го следат Fusion Festival на социјалните мрежи, да имаат чувство како да се на самата журка и дека ништо нема да недостасува од технички аспект.

На сцената ќе настапат Ампов, Галоски, Гоце САФ, Дуоз, Ицко & Лефонк (Djs Corner Showcase), а специјален гостин од Њујорк ќе биде Деан Мицкоски.

Фестивалот ќе може да се проследи на Youtube и Twitch каналите на фестивалот, како и на нивната официјална Facebook страница.

Не заборавајте – 9 мај, 20 часот, Fusion Festival!

Подгответе се! Време е за вистинска забава во карантински услови!