Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 758 271 МWh електрична енергија, 25.888 мил. нм3 природен гас, 558 203 тони јаглен и 73 252 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 63.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.6 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.