Изминатиов викенд во Велес и Велешката околија, по 7-ми пат се одржа 7-ма Рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2020“ која изминатите години беше препознатлива под името велосипедска тура „Питијада 2019“ .

Во вонредни услови, согласно Протоколите за организација на настани на отворено по одобрена препорака од комисијата за заразни болести, настанот беше посетен од околу 70 учесници од скоро сите градови во Македонија кои дојдоа организирано преку нивните велосипедски здруженија во Македонија или индивидуално во сопствена организација.

Рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2020“ оваа година во својата програма имаше две патеки, но поради лошите временски услови, се возеше по комбинирана патека во должина од 30км со старт од плоштад Сармаале. Движејќи се преку Велешкиот Железен мост, учесниците возеа по патека низ населените места Чалошево, Кумарино, Сојаклари, Башино село и секако преку Велешко езеро Младост.

Традиционално, и оваа година за сите учесници беше обезбеден ручек со Велешка Пита Пастрмајлија. По реакција на сите учесници, и оваа година временските услови ( иако неповолни на стартот), предвидената патека и целокупната организација беше беспрекорна од самиот почеток па се до крајот на настанот.

Рекреативната велосипедска тура беше во организација на здружението на граѓани,љубители на планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ од Велес.