На денешната прес конференција градоначалник Аце Коцевски истакна дека има нови 6 лица заболени со КОВИД 19 во Велес за изминатите 24 часа, како резултат на тестовите кои се чекаа неколку дена наназад, поради причини ни кој самиот градоначалник не ги знае.

Исто така е регистриран и еден оздравен пациент.

Со овие нови бројки во моментов во Велес има активни 34 лица, вкупно се заболени 162, од кои за жал до сега починати се 11.

Градоначалникот истакна дека во градот има еден кластер, а другите се од велешките села, како и во едно село во општина Чашка.