Во текот на изминатото деноноќие 28/29.07.2020 на територијата на Република  Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 537 прекршоци.

Во истиот период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 61 лица, и тоа 33 во Велес, 21 во Кавадарци и седум во Неготино.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.