Веднаш после најавата на Џек Дорси дека вработените во Twitter ќе можат засекогаш да работат од дома, вчера Марк Цукерберг најави план за Facebook, кој според предвидувањата на аналитичарите, може да предизвика тектонски промени во Силиконската долина. Планот се однесува на работата од дома. Имено, шефот на најголемата социјална мрежа верува дека половина од вработените во Facebook во иднина ќе работат од дома, а по нивните стапки може да тргнат и други технолошки компании.

Сепак, таа транзиција нема да биде брза и непромислена, туку постапна и внимателна и ќе се одвива во фази во текот на наредните 5-10 години. Сепак, уште сега е јасно дека начинот на работа повеќе нема да биде ист. Кога го ограничувате вработувањето само на луѓе кои жиеат во градовите каде што се седиштата на компаниите, имате поинаква позадина и поинакви перспективи, изјави Цукерберг и нагласи дека со овозможувањето на работа од дома се комбинира идејата за задоволување на желбите на вработените со создавањето поширок економски просперитет.

Најголем дек од вработените во социјалната мрежа до крајот на годината ќе можат да работат од дома, а тие кои сакаат можат да се пријават за трајно работење од дома од почетокот на идната година. За почеток, Facebook ќе овозможи дел од сегашните вработени да работат од дома ако исполнуваат одредени критериуми. Тоа не би требало да се одрази на продуктивноста затоа што неодамна спроведено интерно истражување покажа дека околу 50% од вработените се исто продуктивни кога работат од дома како и во канцеларија.

Промената на работното место ќе се одрази и на примањата на вработените, кои ќе се прилагодат на местото каде што живеат вработените и ќе бидат далеку помали отколку во Сан Франциско, каде што трошоците за живот се исклучително високи, а платите ќе зависат и од даноците во сојузните држави каде што живеат вработените.