Внесувањето на течности е неопходно за организмот, а доколку го направите правилниот избор, покрај хидратација, вашето тело ќе добие и заштита од можни болести.

Овие се петте најздрави пијалаци на сите времиња:

Зелен чај

Зелениот чај е еден од најздравите напивки на светот, сигурни се нутриционистите. Истражувањата покажуваат дедка зелениот чај лечи главоболки, го подобрува расположението, го намалува нивото на холестерол, го подобрува имуниот систем и кардиоваскуларното здравје, го спречува појавувањето на ревматоидниот артритис, а богат е и со антиоксиданти кои го спречуваат појавувањето на ракот.

Вода 

Водата не е само најдобриот пијалак за гасење на жедта. Таа помага во апсорпцијата на хранливите материи од храната, ги пренесува хранливите материи до сите делови на телото, ја одржува функцијата на цревата и помага во исфрлањето на токсините од организмот.

Сок од јаболко 

Свежиот сок од јаболко, за разлика од верзиите кои ги купуваме во продавница кои содржат конзерванси, одличен е за телото и умот. Овој пијалак го смалува нивото на лошиот холестерол, помага со здравјето на срцето, помага со губењето на килограмите, ги ублажува симптомите на артритис и ревматоидните заболувања, го подобрува здравјето на цревата, врши детоксикација на бубрезите и црниот дроб, го смалува ризикот од рак и е одличен за плуќата. Покрај тоа, свежиот сок од јаболко го смалува ризикот од анемија кај трудниците и ја подобрува меморијата.

Сок од цвекло 

Конзумирањето на сок од цвекло ги смалува проблемите, како што се акните, сувата кожа и перутот. Исто така, овој сок ја подобрува кондицијата, ја лечи анемијата, го подобрува имунитетот, ги чисти бубрезите и црниот дроб, го контролира крвниот притисок и ја лечи жолтицата.

Црно вино 

Кога се во прашање здравствените придобивки, црното вино е вистински магионичар. Тоа содржи толку антиоксиданта, да една чаша дневно го спречува ракот, ги намалува штетните ефекти на пушењето, го подобрува здравјето на срцето, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, ги подобрува функциите на мозокот и ја намалува хипертензијата.

 

Извор :

Zdravstvo.mk