Во период 03/04.06.2020 год. има три нови регистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, три во Велес, а со Изјава за самоизолација има четири нови лица, од кои, едно во Велес и три во Кавадарци. Вкупно со Решение во изолација има 119 лица, од кои 85 во Велес, 16 во Кавадарци и 18 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно осум лица, од нив четири се во Велес, три во Кавадарци и едно во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Во овој периотд за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 78 лица, и тоа, 47 во Велес, 15 во Кавадарци и 16 во Неготино.