Во период 17/18.06.2020 год. има девет новорегистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, пет во Велес и четири во Неготино, а со Изјава за самоизолација има 12 нови лица, 11 во Велес и едно во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 99 лица, од кои 62 во Велес, седум во Кавадарци и 30 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 99 лица, од нив 52 се во Велес, 32 во Кавадарци и 15 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 95 лица, и тоа, 45 во Велес, 28 во Кавадарци и 22 во Неготино.