Денес во Велес по три дена мирување се регистрирани 4 нови случаи на заразени со коронавирусот. Две од заразените се од кластерот на конфекцијата ,,Јука,, односно една вработена и една роднина на вработена во конфекцијата.

Вработената во конфекцијата сама направила тест во една од приватните лаборатории по што добила тест позитивен на коронавирусот. Третото лице кое е позитивно на коронавирусот е мајстор кој работел во околните населени места околу Велес додека четвртиот случај немал никаков ризичен контакт, но сепак е позитивен на тестирањето.

Со ова вкупниот број на досега дијагностицирани случаи на коронавирус во Велес достигна вкупно 81.

Извор:Скопјеинфо