На тертиторијата на СВР Велес во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 61 лице, и тоа, 36 во Велес, седум во Кавадарци и 18 во Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во изминатото деноноќие има eдно ново регистрирано лица со Решениe за изолација во Неготино, а со Изјава за самоизолација има седум нови лица, од кои, шест во Велес и едно во Неготино.

Вкупно со Решение во изолација има 125 лица, од кои 77 во Велес, девет во Кавадарци и 39 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 65 лица, од нив 37 се во Велес, 19 во Кавадарци и девет во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.