Судот во Прилеп, на предлог на јавното обвинителство им одреди 30 дена притвор на десетмината дрвокрадци кои нападнаа полициски службеник на патот Велес-Прилеп, дознава Канал 5.

Петмина полициски службеници кои преземаа мерки против дрвокрадците беа повредени, а еден полициски командир се уште е во сериозна состојба во клиничкиот центар во Скопје.