Во неделата во СВР Велес околу 22.00 часот било пријавено дека во село Сирково настанал пожар во трло со овци, сопственост на В.А.(40), при што изгореле 25 јагниња, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци и бил извршен увид на местото на настанот.