Мајка одлучила да објави снимка од своето дете на новата социјална мрежа ТикТок и луѓето се шокирале. Никој не може ни да претпостави колку момчето е старо, а многумина велат дека изгледа застрашувачки.

А, детето во видеото кое во рок од неколку часа стана вирално е момчето по име Гевин. Повеќе од 18 милиони луѓе го погледнале видеото на кое момчето скока врз неговиот татко. Тоа има три години, а кога се родило, имало сосема просечни димензии. Меѓутоа, оттогаш пораснало, и тоа многу. Момчето е високо повеќе од еден метар.

Неговата мајка, Кет, вели дека била шокирана од поплавата на коментари откако го објавила видеото, а била поразена од луѓето кои се згрозиле од нејзиното дете.

– Луѓето пишуваат дека им се гади, и тоа многу луѓе. И не само тоа, тие ми велат дека сум лоша мајка. Што да правам, тој е тоа што е и јас сум тоа што сум. За среќа, тешко може некој да ме навреди. Луѓето се злобни кога се на интернет затоа што се однесуваат како да имаат маска. Важно е што знам дека мојот син е весел и здрав – рекла Кат.

Таа исто така рекла дека не планира да престане да ги објавува снимките од нејзиното дете.

– Претпоставувам дека Гевин ќе ме мрази по 20 години поради тоа, но тоа е посилно од мене. Покрај тоа, има и позитивни коментари и луѓе кои уживаат во него. Зошто да не го олесниме овој кризен момент малку? – рекла Кет.

@kat.027

#gav #boom #babypowder

♬ Woah – KRYPTO9095 feat. D3Mstreet