Во текот на изминатото деноноќие, 10/11.05.2020 година, на ниво
на Секторот за внатрешни работи Велес нема регистрирано лица кои не ја почитувале
забраната за движење за време на полицискиот час.

Во овој период има 19 нови регистрирани лица со Решенија за
изолација и сите се во Велес, а со Изјава за самоизолација има две лица, и тоа, и
двете во Велес. Вкупно со Решение во изолација има 161 лице, од кои 156 во Велес,
пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 45 лица, од кои 29 во Велес,
девет во Кавадарци и седум во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај
лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.