Во текот на изминатото деноноќие, 18/19.05.2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес две лица во Кавадарци не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во овој период 30 нови регистрирани лица со Решенија за изолација, и тоа, 29 во Велес и едно во Неготино, а со Изјава за самоизолација има шест нови лица, од кои пет во Велес и едно во Кавадарци. Вкупно со Решение во изолација има 146 лице, од кои 140 во Велес, шест во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 33 лица, од кои 20 во Велес,  пет во Кавадарци и осум во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.