Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-36,
Куманово-11,
Дебар-2,
Штип-11,
Прилеп-1,
Тетово-14,
Струга-8,
Велес-4,
Битола-2,
Кавадарци-5,
Гостивар-16,
Струмица-1,
Крушево-1,
Кочани-1,
Пробиштип-2,
Македонски Брод-1,
Виница-6,
Свети Николе-1,
Кичево-15,
Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје-353, Куманово-61, Дебар-17, Штип-27, Прилеп-5, Тетово-17, Струга-4, Велес-4, Охрид-3, Гостивар-14, Струмица-4, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-8, Свети Николе-5, Кичево-7, Ресен-2. Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754,  бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.