Во период 08/09.06.2020 година за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 24 лица, и тоа, десет во Велес, три во Кавадарци и 11 во Неготино.

Во овој период четири лица не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час, од кои три во Велес и едно во Неготино. Има 33 нови регистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, 20 се во Велес и 13 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има осум нови лица, од кои, три во Велес, едно во Кавадарци и четири во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 141 лица, од кои 90 во Велес, девет во Кавадарци и 42 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 61 лица, од нив 33 се во Велес, 19 во Кавадарци и девет во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.