Се намалуваат цените на погребалните услуги за семејствата кои имаат жртва од коронавирусот. Ваква одлука донесе АД Бутел откако семејствата се пожалија на превисоките суми.

Сега за 7 до 10 илјади денари ќе се смали потребниот трошок за да се погребе човек кој починал од Ковид 19, а намалувањето ќе зависи од местото каде треба да биде погребан покојникот.

Големите трошоци Бутел ги правда поради тоа што за погреб се потребни два ковчези, еден лимен и еден дрвен, а се доплаќа и за лимење и за вреќата во која се става телото.