8 C
Veles
четврток, 29 октомври, 2020 | 04:23

(ФОТО) „Физички сме далеку, но со душа и срце сме со нашиот народ“

30

Голгетерот на македонската фудбалска репрезентација Илија Несторовски денеска на социјалните мрежи објави дека националниот тим донира медицинска опрема за македонското здравство во екот на пандемијата од коронавирусот.

Ова е втора донација на македонските репрезентативци, бидејќи пред неколку недели донираа парични средства за Фондот за здравство. Овој пат тие решија да помогнат со медицинска опрема.

„Иако сме далеку физички, ние со целото срцен и душа сме со македонскиот народ“, напиша Несторовски на „Инстаграм“.