Денес Центарот за јавно здравје Велес на својот фејсбук профил објави дека во текот на изминатите 24 часа, во Велес се регистрирани 3 нови случаи со заразени од Корона вирусот. Еден од ново заразаните е медицинско лице вработено во Инфективното одделение- Заразно, додека 2ца се тестирале самоиницијативно во клиниката Жан Митрев.

Почитувани,

Ве известуваме дека во изминатите 24 часа се регистрирани 3 нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес.

Се работи за 1 лице вработено во инфективното одделение при општата болница во Велес и 2 лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката “Жан Митрев” после појавата на симптоми на Ковид-19

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 62 лица од кои 4 излечени, 3 смртни случаи и 55 активни.