Релативно силен земјотрес го разниша тлото во Макеоднија, а беше почувствуван и во Скопје во точно 04.55 часот изутрината на 11. ноември.

Според Европскиот медитерански сеизмилошки центар (ЕМСЦ) земјотресот е почувствуван во цела Македонија.

Јачината на земјотресот била со 5.4 степени по европската макросеизмичка скала, а бил со епицентар во близина на Вруток, гостиварско на длабочина од 8.5 километри.