Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови магливо, а околу пладне и попладне сончево. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.