На 17.05.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека Д.П.(31) и П.М.(31) физички го нападнале Л.Ѓ.(32), сите од Неготино.

На 16.05.2020 околу 16.50 часот во Демир Капија, кај место викано „Грчки мост“, Љ.Ч.(19) физички го нападнал М.Ч.(20), двајцата од Демир Капија.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Велес.