Девојката била забележана од нејзини сограѓани кај езерото Младост, кои ја известиле полицијата кој ја пронашле жива и здрава.

29-годишната Александра Скорниева, вчера утро околу 8:15 минути излегла од својот дом и по неа се трагаше 24 часа.

Таа била пронајена кај мостот на браната на езерото Младост, во добра здравствена состојна со мала повреда на телото, информираат од СВР Велес.

Потрагата по 29-годишната Скорниева заврши успешно.