Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот од 13 јуни до 25 јуни 2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат, известуваат од прес службата на Владата.

Главниот координативен кpизен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Македонија со негативен ПЦР тест на ковид-19. Денеска, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија” бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Македонија со негативен ПЦР тест на ковид-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на ковид-19, по нивното враќање во Република Македонија, од земја со висок/среден ризик , а спроведените дејствија по истите решенија се поништyваат“, се вели во известувањето.