Работната група против забраната за движење во шума со над 1.100 членки – организации и физички лица денеска соопшти дека испратила писмени реакции до Владата и министерствата за земјоделство и за внатрешни работи со кои бара укинување на оваа мерка.

Во тек е, како што информира Работната група, и петиција против мерката, која ја имаат потпишано над 5.300 лица.

Планинарите и рекреативците бараат и средба со министерот за земјоделство и со претставник од ЈП „Национални шуми“, како и од Министерството за внатрешни работи во најкус можен рок

Според нив, во контекст на мерките против вирусот, дополнителни забрани за движење и рекреација се спротивни на препораките за здравје од СЗО.