Нови 30 дена вонредна состојба прогласи претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност.

Тој истакна дека во изминатиот период добивал информации на дневна основа од Централниот кризен штаб и Владата, а во текот на вчерашниот добил и извештај за мерките и активностите во изминатите 30 денови и предлог за воведување  на вонредна состојба во следните 30 дена.

„Согласно на правени проценки  јасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и  истата ќе трае во следните 30 дена.“ изјави Пендаровски

Тој додаде дека поради влошување на ситуацијата во Куманово, можно е за брзо да се примени моделот од Дебар и Центар Жупа

Со оглед дека се работи за Општина  со над 100 000 жители претставува огромен потенцијал за ширење на вирусот“  изјави Пендаровски