Овогодинешниот Октоберфест – најголемиот фестивал во светот на пивото – е откажан поради пандемијата на коронавирус.

Политичарите во Баварија изјавија дека ризикот да се одржи овој настан е „едноставно премногу голем“.

Фестивалот, кој секоја година привлекува милиони луѓе во Минхен од целиот свет, се одржува во септември и првите неколку дена од октомври.

„Тоа нè повредува, тоа е неверојатна штета“, рече Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Судер, објавувајќи го откажувањето на прес-конференција заедно со градоначалник на Минхен, Дитер Ритер.