Во текот на вчерашнио ден на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ во Велес се случил немил настан. 44 годишна жена била нападната и касната од куче – домашен миленик, кое било во сопственост на нејзините соседи. Случајот веднаш бил пријавен во полициската станица Велес, одкаде го соопштуваат следново:

На 21.09.2020 во Полициската станица Велес, Д.Ќ.(44) од Велес пријавила дека на ул.„Кузман Јосифовски – Питу“ во Велес била касната од куче – домашен миленик, сопственост на нејзини соседи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.