По претходно спроведена тендерска постапка и избор на економски оператор, од 21 април па во следните десетина дена ќе се изврши чистење на диви депонии на градежен шут на пристапниот пат кон населба Дурутовец, излезот од Велес кон Скопје и влезот во Велес кон Штип.

Овие активности на општината се согласно Програмата за управување со отпад за 2020 година.

Од Општина Велес потсетуват дека на излезот од Велес кај населбата Тунел има определена локација за депонирање на земја, шут и друг отпаден градежен материјал,

оради несовесното однесување на дел од жителите на Општина Велес кои го депонираат шутот и останатиот градежен материјал од сопствени градежни активности на несоодветни локации,тие  ја загрозуваат животната средина и го нарушуваат визуелниот изглед на просторот, посебно на локациите кои оставаат прв впечаток за општината, посочуваат од локалната самоуправа.

Затоа Општина Велес упатува апел до граѓаните за совесно и општествено одговорно однесување на сите.

Со доброто управување и имплементирање на активностите од Програмата за управување со отпадот, бројот на диви депонии од година во година се намалува, велат од Општина Велес.

Во десетдневната акција се очекува од дивите депонии да бидат собрани околу 1250 метри  кубни отпад од градежен шут.