Денес, по претходна дојава, инспектор на Државниот ветеринарен инспекторат и комуналната инспекторка на Општина Велес, констатираа дека во близина на пропустот на патот помеѓу с. Мамутчево и с. Иванковци, оставени се телата на 6 мртви големи свињи и на 5 прасиња.


Бидејќи претставуваат голема опасност, преку ЈКП Дервен организиравме нивно соодветно отстранување.


Инсистирам, надлежните органи да го откријат сторителот на ова дело и да изречат максимални казни, објави на градоначалникот Коцевски на својот фејсбук профил.

НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ И НЕОДГОВОРНИТЕ ОДГЛЕДУВАЧИ НА СВИЊИДенес, по претходна дојава, инспектор на Државниот…

Posted by Ace Kocevski on Tuesday, April 14, 2020