Новиот огромен музеј кој се подготвува во Египет и среде пандемијата со коронавирусот работи без прекин подготвувајќи ги артефактите за изложување.

Големиот египетски музеј во Гиза требаше пролетва да биде свечено отворен, но поради пандемијата со COVID-19 тоа е одложено за наредната година.

И покрај рестриктивните мерки на египетската Влада, музејот има дозвола да работи нормално и непрекинато да врши реставрација на артефакти и нивна селекција, подготовка и изложување.