Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин вчера објавија заедничко соопштение во знак на сеќавање на американските и советските трупи од Втора светска војна во борба против нацистичка Германија, како пример дека нивните земји можат да соработуваат.

Во заедничкото соопштение одбележана е годишнината од средбата на 25 април 1945 година, кога советските војници, кои напредуваа од Исток и американските трупи кои се движеа од Запад се сретнаа на мостот на реката Елба во Германија со американските

– Овој настан најави одлучувачки пораз на нацистичкиот режим. Духот на Елба е пример како нашите земји можат да ги поништат разликите, да изградат доверба и да соработуваат во потрага за повисоки цели, се наведува во заедничкото соопштение.