Општествено одговорната компанија ДРЕКСЛМАЈЕР, со седиште во Кавадарци, која е најголем работодавач на велешанки и велешани, денес донираше вредна заштитна опрема за јавните здравствени установи од Велес.


Во име на здравствените работници и во име на сите граѓанки и граѓани на Велес градоначалникот Коцевски упати голема благодарност до германската фирма.

Тој исто така ги повика и другите фирми кои се во можност да донираат и да ги следат хуманиот пример на неколкуте фирми кои донираа во општина Велес.