Денеска пристигнуваат 180 наши државјани од Италија и ќе поминат 21 ден во државен карантин

6

Денеска во 14.00 часот на скопскиот аеродром со организиран лет од Венеција, Република Италија, ќе пристигнат 180 патници за кои е организиран превоз според сите пропишани стандарди и тие ќе поминат 21 ден државен карантин во хотелот „Дрим“ во Струга, објави владината прес-служба.

Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници. Сместувањето во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест.
„Како и досега, нашите државјани кои ќе допатуваат од Италија, Венеција, од аеродром до локацијата за државен карантин ќе бидат превезени со безбеден и строго контролиран автобуски превоз. Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода“, велат од Владата.