Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски предмалку на социјалните мрежи објави дека меѓу новите 40-те кумановци позитивни на тестот е и тој. Димитриевски во објавата споделена на Фејсбук ги охрабрува кумановци дисциплинирано, заеднички да продолжат со битката против заедничкото зло.

–  Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас,  стои во објавата на Димитриевски.

Димитриевски ги охрабрува кумановци дисциплинирано да продолжат во борбата против ширењето на коронавирусот, пишува дека е убеден, замолувајќи ги за воздржаност, без паника и побара дисциплина, почтиување на мерките и препораките за социјална дистанца.

– Ве молам, од душа и срце, ве молам, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите, пиштува градоначалникот.

Тој истакна дека нема простор за паника, општинскиот штаб за заштита и спасување ќе продолжи со својата работа во борба против короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.

-Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа, стои во објавата на Димитриевски