Фудбалерите на Арсенал го одбиле предлогот на клубот за намалување на платите. Челниците на клубот и фудбалерите преговарале две недели, на крајот договор не бил постигнат.

Медиумите во Англија пишуваат дека биле разгледувани неколку опции, од кои последната била на фудбалерите да им бидат намалени годишните плати за 12,5 отсто. Фудбалерите без размислување го одбиле овој предлог.

Проблемот настанал кога челните луѓе на Арсенал побарале од играчите засекогаш да се откажат од тие пари.

Играчите прифатиле да им бидат намалени платите додека трае кризата, но побарале парите што ќе им бидат одземени да им бидат вратени кога ситуацијата ќе се нормализира.

Арсенал годишно за платите на играчите издвојува 265 милиони евра.